Јанкулоска до Груевски: На 800 км од Македонија лесно е да се амнестираш од проблематичните одлуки

1062

Поранешната министерка за внатрешни работи и блиска соработничка на Никола Груевски на Фејсбук му реплицира на екс лидерот дека е лесно да се коментира на 800 километри одалеченост од Македонија.

– Кога си далеку од проблемите, на 800 км од Македонија лесно е на социјалните мрежи да кажуваш што е лесно а што не е, при тоа амнестирајќи се од сите проблематични одлуки за кои секогаш одговорен е некој друг и игнорирајќи ја реалноста дека Македонија е таму каде што е денес, меѓу другото и заради бројните испуштени шанси во минатот, му напиша Јанкулоска на Груевски.