Јанакиески и Протуѓер барале списоци од иселеници од МПЦ за изборите во 2011 година

За гласачите од дијаспората лично се погрижил и тогашниот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, кој од Њу Џерси, САД, директно го известува Јанакиески за преземените мерки.

374
Ова го тераме. Бројката за пријавени за гласање во дијаспората е катастрофа. Времето е кратко, се што треба да направиме е да ги земеме адресите од иселениците од амбасадата или црквата, стои во СМС кореспонденција направена на 27. април 2011 во 18.55 часот помеѓу поранешниот министер Миле Јанакиески и Мартин Протуѓер.

 

„Веќе го организирам ова, вклучив повеќе луѓе, барам паралелни списоци од МНР, МВР и црквите“, стои во продолжение на разговорот.

Ова е дел од СМС комуникацијата на обвинетитне во „Титаник“ која денес во Кривичен се објавува за изборните нерегуларности во 2011 година.

За гласачите од дијаспората лично се погрижил и тогашниот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, кој од Њу Џерси, САД, директно го известува Јанакиески за преземените мерки.

„Бев со иселениците во Св. Кирил и Методиј во Њу Џерси, поделивме околку 800 барања за гласачи. Конзулатот ќе работи и викендов, се очекува да има повеќе пријави“, му пишува Милошоски на Јанакиески.