дома Македонија Извонредно решение за мобилните на учениците во гимназијата „Јосип Броз-Тито”

Извонредно решение за мобилните на учениците во гимназијата „Јосип Броз-Тито”

Од оваа учебна година пред почетокот на часот учениците мора да ги остават мобилните на платно со џебови поставено во секоја училница.

1199

Фото: факултети.мк

Скопската гимназија „Јосип Броз-Тито“ на мошне практичен начин го реши проблемот со носењето мобилни телефони на час, јавува Факултети.мк. Од оваа учебна година пред почетокот на часот учениците мора да ги остават мобилните на платно со џебови поставено во секоја училница. Идејата е одлично прифатена и од наставниците и од учениците.

– Колку и да се трудиш и ветуваш дека нема да го користиш за време на час, нешто те тера да ѕирнеш што се случува. Вака сме ослободени од тоа искушение – ни одговори ученик од втора година.

Повеќе прочитајте тука.