Излетал од патот, удрил во бетонска ограда и починал

Од ударот и здобиените повреди Г.Т. починал на местото.

203

На патниот правец Струмица-Берово, на излез од село Дабиле, Г.Т. (49) од село Петралинци, управувајќи патничко возило „пежо 607“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола, излетал од патот и удрил во бетонска ограда. Од ударот и здобиените повреди Г.Т. починал на местото, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

-Настанот се случил вчера околу 13.50 часот. Смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош. Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица. По наредба на Јавниот обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството за погреб-велат од МВР.

Во периодот од 14.05 до 16.30 часот патот бил затворен, а сообраќајот бил пренасочуван по магистралниот пат село Дабиле кон село Босилово.