Има загинати во превртениот автобус кај Сарај, повеќе патници тешко повредени

Во спасувачката акција интервенирала брзата помош со сите возила кои се на располагање во Скопје и Тетово, противпожарната бригада со 4 возила и итните служби на неколку приватни болници.

258
Принтскрин

Во болницата „8. Септември“ биле донесени вкупно 35 лица извлечени од превртениот автобус на автопатот Скопје-Тетово.

Како што изјави директорот на болницата Христијан Костов за вестите на Телма, тројца од нив се во многу критична состојба, а двајца се донесени мртви.

Сепак, ова е официјална информација само за ургентниот центар на болницата „8. Септември“, а според неофицијалните сознанија, загинале најмалку шестмина патници.

Во спасувачката акција интервенирала брзата помош со сите возила кои се на располагање во Скопје и Тетово, противпожарната бригада со 4 возила и итните служби на неколку приватни болници.