Харадинај: Косово и Македонија имаат одлични односи

Македонскиот премиер Зоран Заев денеска остварил кратка неформална средба со неговиот косовски колега, Рамуш Харадинај. На средбата меѓу двајцата премиери, Харадинај му честитал на Заев, за како што напиша Харадинај, успешното заокружување на договорот со Грција.

130

„Се сретнав со мојот колега од Република Северна Македонија, Зоран Заев, кому му честитав за успешното заокружување на Договорот од Преспа, кој и гарантира на соседната држава јасна евроатлантска перспектива. Косово останува посветено на градењето на еден стабилен регион и во тој правец односите со Скопје се одлични“, напиша косовскиот премиер Рамуш Харадинај на социјалната мрежа „Фејсбук“.