Хан со порака за младите: Не го бојкотирајте референдумот, се работи за вашата иднина

Младите во Велика Британија не учествуваа и се донесоа одлуки кои не се во нивна корист. Младите треба да сфатат дека секој глас е важен. Важно е да се учествува и да се искористи демократското право. Се работи за вашта земја и за вашата иднина – порача Хан.

121

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, ги повика младите во земјава да не го бојкотираат референдумот за името кој треба да се случи оваа есен. Во спротивно, рече тој, може во Македонија да се случи нешто слично како Брегзит, кога биле донесени одлуки на штета на младите.

– На граѓаните сега им останува на оваа држава да одлучат за иднината на својата земја. На крај сепак се работи за нив. Вратата на ЕУ сега е ширум отворена. Вам ви останува да ја искористите оваа можност. Ги повикувам да го искористат своето демократко право и да учествуваат во референдумот особено младите. Младите во Велика Британија не учествуваа и се донесоа одлуки кои не се во нивна корист. Младите треба да сфатат дека секој глас е важен. Важно е да се учествува и да се искористи демократското право. Се работи за вашта земја и за вашата иднина – порача Хан.