Гутереш информиран дека спогодбата со Грција стапи во сила

Министерството за надворешни работи информира дека вчера беше доставено заедничкото писмо до Генералниот секретар на ООН, со кое се информира Антонио Гутереш за датумот на влегување во сила на конечната спогодба, со што се става крај на повеќедеценискиот билатерален спор меѓу нашата земја и соседна Грција.
Од МНР објаснуваат и дека вербалните ноти со кои се информира дека стапи во сила Договор од Преспа до Секретаријатот на ООН, земјите-членки, земјите набљудувачи на ООН, како и сите останите меѓународни организации чија членка е нашата земја, ќе бидат испратени во најкус можен рок.