Груевски и соработниците ќе одморат од судења, ама нема да видат море

221
Фото МИА

Поранешниот премиерот Никола Груевски и неговите соработници, обвинети во предметите на СЈО, ќе имаат можност еден месец да одморат од судските рочишта, бидејќи од 15 јули до 15 август судиите се на годишен одмор и не се закажуваат редовни судски рочишта, освен случаите во кои обвинетите се во притвор.

Груевски постојано се жалеше на тоа дека речиси секој ден е на судење.

Сепак поранешните функционери нема да можат да заминат на летување на море, бидејќи пасошите им се одземени како мерка на претпазливост.

Според распоредот на СЈО, единствено на 16 и 17 јули трена да има судење и тоа за случајот „Труст“, во кој обвинет е бизнисменот Сеад Кочан.