Голем пожар во Лисиче, изгореа десетина возила

894
Фото: Судство.мк

Десетина половни хаварисани возила кои беа паркирани во близина на каналот во Лисиче денеска изгореа во големиот пожар кој пламна пред 40-тина минути, пренесува порталот Судство.мк.

Пожарникарите се уште не можат да се доближат до возилата кои се во пламен бидејќи постојано се слушаат експлозии од резервоарите.

На припомош дојде и полициски хеликоптер кој ги насочува пожарникарите каде да дејствуваат.

Пламените јазици им претат на неколку куќи во населбата.

Првично, неофицијално се знае дека пожарот пламнал во долгата нива на која нема ништо освен сува трева.

На терен освен пожарникарите и полицајците им помагаат и граѓаните а голем дел од сопствениците на куќите пак, во посредна и непосредна близина од пожарот не се дома поради споените празнични денови.

За сега не се знае кога пожарот ќе биде локализиран.