Го испланирал убиството на сопругата, се обесил и оставил писмо до синот

Неофицијално, во писмото убиецот се обидел да најде оправдување за неговите намери, се извинувал на семејството и му порачал на синот да го чува неговиот седумгодишен внук, кој заедно со сопругата го сакале многу.

2556

Мажот кој во неделата вечерта си ја уби сопругата а потоа се обеси, го планирал ова злосторство, пренесува српски „Курир”.

Неофицијално, оставил писмо во кое последната желба му била да биде погребан во Власотинце. Тоа ја сменило намерата на семејството да биде погребан во родното село Брезовица, каде тој во новата викендица, со повеќе удари нанесени во главата од најверојатно метални клешти, ја убил својата сопруга, а потоа си пресудил и себеси обесувајќи се.

Писмото, наводно, го пронашол нивниот син кај парите кои неговиот татко му ги оставил неодамна да ги чува. Неофицијално, во писмото убиецот се обидел да најде оправдување за неговите намери, се извинувал на семејството и му порачал на синот да го чува неговиот седумгодишен внук, кој заедно со сопругата го сакале многу.

-Во викендицата парот обично одел со нивниот внук, ама слушнав дека тој ден убиецот не сакал да го земе и него. Тоа зборува дека тој тргнал со план да ја убие својата сопруга, а потоа и себеси. Наводно бил многу љубоморен и заради тоа постојано ја малтретирал својата сопруга, но таа не покажувала ништо. Заради децата вешто го криела тоа. Се плашела од тоа што тој може да направи доколку го пријави во полиција-рекол еден од нивните соседи за српски „Курир”.