Функционирањето на „Црвен крст” претставено во Општина Кисела Вода

Димче Миланов, волонтер на „Црвен крст", дел од вработените во Општината ги запозна со целите и активностите на Организацијата од нејзиното формирање па се досега.

22

Во Општина Кисела Вода денеска се одржа предавање за функционирањето на „Црвен крст“.

Димче Миланов, волонтер на „Црвен крст“, дел од вработените во Општината ги запозна со целите и активностите на Организацијата од нејзиното формирање па се досега.

Од Општина Кисела Вода информираа дека, на предавањето присутните имале можност да добијат одговори на прашањата за кои се интересираа, а воедно и да дадат предлози за подобрување на работењето на Организацијата.

– Изминатиов период Општина Кисела Вода во соработка со „Црвениот крст“ има спроведно повеќе успешни крводарителски акции, кампањи и проекти, истакнаа од Општината.