Филипче потврдува: Седум лица загинале на лице место, засега бројот на мртви е 13 лица

Во болницата „8. Септември“ има четворица повредени на интензивна нега и двајца кои чекаат хируршка интервенција.

214

Министерот за здравство Венко Филипче потврди дека бројот на мртви во сообраќајната несреќа изнесува 13 лица.

Од нив, седуммина загинале на лице место на несреќата, а другите починале или на пат кон болница или по пристигнувањето во ургентните центри.

Во болницата „8. Септември“ има четворица повредени на интензивна нега и двајца кои чекаат хируршка интервенција.

На Ургентниот центар при Клиниката „Мајка Тереза“ еден патник чека операција, а еден е во сериозна животозагрозувачка состојба.

Покрај екипите на итната помош, помагало локалното население.