Фетаи побара Груевски да биде стражарно спроведен во суд

На деношното рочиште судот ќе испраша двајца сведоци, поранешни советници во Советот на Општина Центар.

505
Фото: принтскрин

Во напната атмосфера, Митко Пецов, обвинет во случајот на СЈО „Шамарите во Центар” со наводни лекарски документи за преживеан нервен шок и болна сопруга, додека судијата од скопска единица Душан Јосифов упорно чекаше да дојде обвинетиот Никола Груевски бараше да си оди дома бидејќи е болен, пишува Судство.мк.

После 15 минути доцнење и барање од СЈО Груевски да биде стражарно спроведен, во судницата влезе екс премиерот, а нервозниот Пецов се смири.

На деношното рочиште судот ќе испраша двајца сведоци, поранешни советници во Советот на Општина Центар.

За предметот „Насилство во Центар“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, екс советничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште деветмина други лица.

На претходните рочишта за овој предмет, вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни. За седмообвинетиот Димче Крстев, пак, се води одвоена постапка.