Европските партии ќе ги притискаат Мицкоски и Мицотакис за името

Групата на европските социјалдемократи во Европскиот pарламент бараат од Европската Народна Партија, чии членови се ВМРО ДПМНЕ и Нова Демократија, да ги убедат сестринските партии да го поддржат Договорот за името.

68
Фото Борче Поповски

– Ја повикуваме политичката опозицијата од партиите на ЕПП во двете земји да покажат одговорност и да го поддржат Договорот, изјави Удо Булман – шеф на социјалдемократите во ЕП.

Тој порача дека решението за името ќе ја отклучи евроатлантската перспектива за Поранешната Југословенска Република Македонија и ќе помогне да се зацврсто мирот и стабилност во земјата и во регионот.