Екс министерот за правда Биљен Саљији стана заменик-генерален директор во МЕПСО

10

Екс-министерот за правда Биљент Саљији е избран за заменик директор во МЕПСО, потврди за Плусинфо Салии.

– Од вчера сум заменик-генерален директор на МЕПСО. Надзорниот одбор ме назначи за член на управниот одбор со задолжение за заменик генерален директор на МЕПСО –  изјави Саљији.

Тој оставката од функцијата министер за правда ја поднесе пред неколку месеци по според него, скандалозната одлука за случајот со малиот Алмир.

Според информации на Плусинфо, ДУИ по оставката на Саљији му понуди да биде член на Државната изборна комисија, но тој не бил заинтересиран за столчето во ДИК.

Оставката на Саљији од министерското место во правда беше во екот на најавите на премиерот Зоран Заев дека ќе има реконструкција на владиниот кабинет. Во јавноста оставката на Саљији се коментираше дека е потег за да не биде сменет.

При реконструкцијата на Владата, СДСМ и ДУИ ги заменија ресорите правда и образование, односно министерката за образование Рената Дескоска стана прв човек на правда, додека во ресорот образование заменик министерот Арбр Адеми стана министер.