Египетски универзитет го прогласи сексуалното вознемирување за грев

Универзитетот Ал Азхар во Каиро ги осуди сите форми на сексуално малтретирање и ги прогласи за грев, а истовремено упати апел до египетските власти да преземат мерки против ваков вид на вознемирување.

36
Фото: плусинфо

Универзитетот Ал Азхар во Каиро ги осуди сите форми на сексуално малтретирање и ги прогласи за грев, а истовремено упати апел до египетските власти да преземат мерки против ваков вид на вознемирување.

– Криминализација на вознемирувањето треба да биде целосна. Однесувањето на жените во ниту еден случај не може да го оправда таквиот чин, кој е повреда на достоинството и слободите на жената, се посочува во соопштението на Универзитетот Ал Азхар.

Универзитетот го осуди распространетото сексуалното вознемирување во медиумите и на социјалните мрежи и апелира до египетските власти да иницираат закони за казнување на сторителите на такви дела, а ги повикаа медиумите и невладините организации да се мобилизираат за борба против овој феномен.

Според истражувањето на Обединетите нации спроведено во 2017 година, околу 60 проценти од жените во Египет се жртви на сексуално вознемирување. Тие секојдневно се соочуваат со недолични коментари и допири. Резултатите покажуваат дека три четвртини од мажите изјавиле дека за тоа се виновни жените и нивната облека.

Прашањето за сексуалното возменирување во Египет беше актуелизирано по Арапската пролет во јануари 2011 година, кога беше соборен од власт поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак. Тогаш беа организирани групи за заштита на жените од групни напади на протестите. Во Каиро тогаш се појавија графити против сексуално вознемирување, а во февруари 2013 година жените излегоа на протест. Во јуни 2014 година беше усвоен Закон се кој се криминализира сексуалното вознемирување.