Директори на гостиварски училишта обвинија дека локалната власт не им префрла пари за сметки

На прес-конференција попладнево пред седиштето на општината, директорите нагласија дека помеѓу нив и локалната власт нема соработка на потребно ниво, со што настануваат проблеми кои го кочат функционирање на образовните установи во општината.

47

Директори на повеќе основни и средни училишта во Гостивар ја обвинија локалната самоуправа дека општината не ги префрлила парите за тековно одржување на објектите и дека заради тоа неколку се исклучени од електричната мрежа.

На прес-конференција попладнево пред седиштето на општината, директорите нагласија дека помеѓу нив и локалната власт нема соработка на потребно ниво, со што настануваат проблеми кои го кочат функционирање на образовните установи во општината.

– Повеќето училишта останаа без струја, затоа што општината ги нема префлено средствата наменети за тековно одржување. Недостигот од соработка не е добра работа со оглед дека општината е должна да се грижи за редовното и нормално одвивање на образовниот процес. Ние бараме да се почитува закнот за образование и дневната политика да се стави на страна- рече Агрон Алили, директор на средното медицинско училиште во Гостивар.

Ибрахим Асани, директорот на средното техничко училиште во Гостивар, упати апел до општинските власти да престанат со опструкции кон училиштата и најави дека за состојбите ќе бидат известени државните органи надлежни за образование и просветниот инспекторат.

Од општина Гостивар не ги коментираат обвинувањата кои ги упатија директорите од денешната прес-конференција. Без напојување со електрична енергија заради неплатени сметки од денеска е и спортската сала „Младост“. За овој случај од општината го обвинија монозинството во советот кое не ја изгласа одлуката за префрлање на 500 илајди денари на претпријатието кое управува со салата.