Димитров од Приштина: Не може една мерка да биде добра за Косово, ако не е добра за пријателот во соседството

Убеден сум, истакна Димитров, дека ќе ја следиме новата европска политика и низ брз дијалог ќе го надминеме ова прашање.

84

Ако воведеме контра мерки, работата ќе ескалира во лош правец и потоа, повторно ќе мора да седнеме за да најдеме решение, изјави министерот за надворшени работи Никола Димитров на денешната заедничка прес-конференција со косовскиот колега Беџет Пацоли во Приштина, осврнувајќи се на косовската одлука за зголемувањето на царините на овошјето и зеленчукот.

Убеден сум, истакна Димитров, дека ќе ја следиме новата европска политика и низ брз дијалог ќе го надминеме ова прашање.

Според него, во време на поврзување и имплеменитрање на Берлинскиот процес кој токму тоа го налага, треба да се елиминираат бариерите.

– Мислам дека само тоа е патот за заштита и на нашите и на вашите производители. Мислам дека не можете да се заштитите себе си ако го повредите соседот. Не може една мерка да биде добра за Косово, ако не е добра за пријателот во соседството. Мора да најдеме решение, потенцира шефот на дипломатијата Никола Димитров.