Делови од Карпош, Кисела Вода и неколку скопски села утре без струја

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.

30

Корисниците од улицата „2“ во село Инџиково, лоцирани во близината на објектот на Нино Маркет утре од 8:30 до 11:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 8:45 до 12:00 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од село Бојане, од 9:00 до 12:00 часот корисниците од улицата „Жданец” од број 1 до број 14 во Општина Карапош, од 9:00 до 13:00 часот корисниците од улицата „Гиго Михајлоски“ бр. 9, „Иван Аговски“ бр. 8 и бр. 10 и улицата „Даскал Камче” бр. 1, бр. 2, бр. 3 и бр. 9 во Општина Карпош, а од 9:00 до 14:30 часот корисниците од улицата „Томе Арсовски“ во Општина Кисела Вода.

Во периодот од 9:00 до 15:00 часот  без напојување со електрична енергија ќе бидат и дел од корисниците од улицата „1“ во село Батинци и местото Ќупријан, од 9:30 до 12:30 часот корисниците од село Горно Свиларе, а од 10:30 до 13:00 часот дел од корисниците од село Крушопек.