Дедото на Кирацовски не работи во ЕЛЕМ, туку во фирма ќерка на ЕЛЕМ

Неодамна беше објавено дека во ЕЛЕМ се вработени синот и братот на пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска, ќерката на собранискиот спикерот Талат Џафери, сестрата на министерот за култура, Асаф Адеми и синот на Мирослав Грчев.

554

Таткото на сопругата на Александар Кирацовски, пратеник и генерален секретар на СДСМ, е вработен во фирма чиј основач е ЕЛЕМ. Кирацовски вели дека нема врска со неговото вработување. Дедото на Кирацовски, Борче Поповски, работи во „Фабрика за опрема и делови ФОД ДООЕЛ – Новаци, АД ЕЛЕМ – Скопје”.

– Таткото на мојата сопруга е вработен во ДООЕЛ ФОД-Фабриката за опрема и делови преку приватна агенција за вработување. Со индигнација ги отфрлам грубите инсинуации и алудирањето дека како функционер сум го вработил  – вели Кирацовски во изјава за „Слободен печат“.

Неодамна беше објавено дека во ЕЛЕМ се вработени синот и братот на пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска, ќерката на собранискиот спикерот Талат Џафери, сестрата на министерот за култура, Асаф Адеми и синот на Мирослав Грчев.

Електрани на Македонија e основач на неколку друштва со ограничена одговорност основани од едно лице меѓу кои и фабрика за опрема и делови ФОД ДООЕЛ – Новаци, АД ЕЛЕМ – Скопје, основано во 1997 година.