Дали има вакцини откријте сами, родителите и Министерството со различен став

Како што неофицијално дознаваме, имало проблем со дистрибуцијата на одредени вакцини, поради тоа што се правеле дополнитлени проверки на сите вакцини, по скандалот со погрешните декларации на МРП вакцините, па и поради тоа некои денови недостасувале вакцини.

Во вакциналните пунктови во земјава недостасуваат некои вакцини поради што родителите не успеваат да ги вакцинираат своите деца. На една мајка која го однела детето на ревакцина со вакцината што штити од стрептококни инфекции и кажале дека немаат вакцина. Вработените во пунктот не можеле да и кажат ниту кога ќе има. Се распрашале и по другите поликлиники, но и таму им кажале дека нема ваква вакцина.

Од одделенијата за имунизација биле враќани и деца кои требало да примат вакцина полио, бидејќи и таа вакцина ја немало.

Како што неофицијално дознаваме, имало проблем со дистрибуцијата на одредени вакцини, поради тоа што се правеле дополнитлени проверки на сите вакцини, по скандалот со погрешните декларации на МРП вакцините, па и поради тоа некои денови недостасувале вакцини.

Наши извори велат дека вакцината која штити од стрептокок ќе биде набавена кога ќе биде потпишан новиот тендер. Отворање на тендерот имаше минатата недела, но се чека да помине периодот за жалби по што би требало да се потпишат договорите со добавувачите.

Од Министерството за здравство информираат дека има доволно количини од сите типови вакцини. Динамиката на дистрибуција во здравствените установи се одвива на квартално ниво, согласно претходно испратено барање од страна на установите. Исто така постои можност секој квартал да се надополни со вонредно барање од страна на здравствените установи.