Бугарски државјани поради кражба приведени во Скопје

Бугарски државјани биле приведени поради кражба вчера во 11.40 часот во Скопје, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

69

Бугарски државјани биле приведени поради кражба вчера во 11.40 часот во Скопје, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

-На влезот од Зелен Пазар, од страна на полициски службеници од Полициската станица Центар, поради постоење основи на сомнение за извршено кривично дело „кражба“, приведени се Н.З.(19), М.Д.(41) и А.Д.(27), сите од Република Бугарија. Истите биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка-пишува во соопштението од МВР.