Бугарија привремено му забрани да работи на осудениот гинеколог Дамчевски

147

Раководството на медицинскиот центар „Мајчин дом“ во Софија се обратило до извршната агенција Медицинска ревизија и до Министерството за здравство на Бугарија за да се провери досието на македонскиот гинеколог д-р Николче Дамчевски, кој во Македонија има правосилна пресуда за двегодишна затворска казна.

До утврдување на сите околности, работата на гинекологот Дамчевски во „Мајчин дом“ престанува, изјавија од оваа болница за БГНЕС.

Дамчевски пред судот ја призна вината и за фалсификување на медицински документи и за несовесно вршење на лекарската професија.