Брена побарала попуст бидејќи е ВИП

762

Пејачката Лепа Брена и нејзиниот сопруг Слободан Боба Живојиновиќ топлите денови од август ги трошат на црногорскиот брег. Познатиот пар имал ручек во добро познат ресторан на црногорскиот брег, а ѕвездата побарала попуст од шефот на ресторанот затоа што е ВИП, пишува Република.

Кога ја побарала сметка, која била нешто повеќе од 500 евра, Брена прашала дали ќе добие попуст затоа што го посетила нивниот ресторан. Сопственикот на ресторанот не бил информиран дека ѕвездата била во неговиот ресторан, а бидејќи ја сакал Брена и нејзината музика, веднаш дошол и им излегол во пресрет. Пејачката добила шише скапо вино од сопственикот.