Бошњаковски тврди дека не се исшкртани таблите со новото име

„Лажна е веста дека има исшкртани табли, новите табли се уште не се поставени никаде“, напиша Бошњаковски на Твитер.

306

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски демантираше дека се исшкртани таблите со новото уставно име Република Северна Македонија.

„Лажна е веста дека има исшкртани табли, новите табли се уште не се поставени никаде“, напиша Бошњаковски на Твитер.

Прво Владата во Службен весник ќе објави дека Грција ги ратификувала Пристапниот протокол за членство во НАТО и Преспанскиот договор, а потоа ќе почнат да се поставуваат новите табли.