Бомба експлодирала додека возел

Се претпоставува дека убиството било испланирано до најситни детали.

530
Фото: Марина Лопичич / српски Курир

Во експлозија на автомобил загинал денес 45-годишниот Синиша Милиќ во Белград. Автомобилот марка „тојота” експлодирал најверојатно откако бомбата била активирана со далечински управувач или мобилен телефон.

Се претпоставува дека убиството било испланирано до најситни детали. Имено, бомбата била активирана кога тој стоел на црвено светло на семафор и во близина немало други автомобили. Најверојатно со ликвидацијата се сакало да нема и други жртви. Се смета дека бомбата била поставена под седиштето и насочена кон возачот.

Милиќ се поврзува со криминална група од Србија и имал дебело полициско досие.

Очевидците тврделе дека убиениот очајнички барал помош се додека не им подлегнал на повредите. Итната медицинска помош можела само да ја констатира смртта на Милиќ.

Гостите во блискиот локал рекле дека се се затресило наоколу, во моментот на експлозијата.

Извор: српски Курир