Бочварски: Нова градинка и енергетски објекти во населба Сењак

217

„Тука сме во Штип заедно со претседателот на Владата, заедно со нашите сограѓани, да се видиме, да поразговараме за проблемите, да ги понудиме нашите решенија со кои што ќе се зафатиме во решавање во наредниот период. Сакам само да повторам и да додадам уште неколку проекти за оваа населба, за населба Сењак, кои што ги имаме во нашата програма, а тоа е енергетски ефикасни објекти, енергетски ефикасни фасади, коишто ќе ги поставиме на зградите и ќе почнеме овде од населба Сењак, што значи заштеда на енергија до седумдесет проценти на секоја зграда која ќе биде со енергетски ефикасна фасада.

Друг проект кој што е многу важен е изградба на градинка во населба Сењак, која што ќе биде по сите европски и светски стандарди и ќе биде еден нов момент за да ги задржиме и младите овде, да можат младите да се образуваат, да го започнат своето образование, во едни нормални, убави средини во нашиот град. Затоа што градинка во Штип многу одамна се нема изградено. Имаме уште многу други добри проекти.

Ќе ја подобруваме инфраструктурата, раскрсницата во населба Сењак е многу опасна, овде ќе направиме реконструкција и ново соообраќајно решение на оваа раскрсница, подобрување на осветлувањето и уште многу други проекти, се со цел ова да биде подобрување на животот на граѓаните кои што живеат овде. Знаеме дека населба Сењак е втор центар на градот после централното градско подрачје.Ние сакаме дополнително да го растеретиме центарот, овде да се развиваме дополнително, така што тоа ќе го правиме токму со вакви капитални проекти.

Затоа сакам уште еднаш да ги повикам сите граѓани во вториот круг да ме поддржат мене, нашата голема коалиција, која што гледате дека секој ден станува се поголема и во вториот изборен круг да победиме со поголема и убедлива разлика, бидејќи Советот на општината веќе го освоивме, редно е и градоначалникот да биде од редовите на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија и заедно со централната власт да направиме многу за нашиот град“, вели во своето обраќање кон сограѓаните кандидатот за градоначалник Благој Бочварски.