Блажески демантира: Не сум дал оставка

Што се случува во кабинетот на Филипче, не знаат ниту вработените во Министерството за здравство.

177

Шефот на кабинетот на министерот за здравство демантира дека дал оставка од својата позиција и дека сите наводи се неофицијални, пишува Нова ТВ.

„Јас не сум разговарал со министерот за ова, ќе го почекам да се врати од службено патување и се додека не потврдиме официјално се е во доменот на шпекулации. Во моментот сум на боледување, ми треба време да размислам“, изјави за Нова ТВ Дејан Блажески.

Што се случува во кабинетот на Филипче, не знаат ниту вработените во Министерството за здравство. Од таму велат дека нема ништо невообичаено, а дека Блажевски деновиве доаѓал на работа.