МакедонијаПОЛИТИКА

Со Беса и ДПА не се преговара за влез во Владата

Заев и Касами не разговарале за влез во Владата, изјави портпаролот на Владата Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција.

Исто така, тој потврди дека со Беса се разговарало за поддршка на реформските закони, односно дека власта ја добива поддршката на Беса во тој поглед.

„Не се работи за ад-хок средба, туку за претходно договорен состанок на кој Беса потврди дека ќе даде поддршка на реформските пакет-закони кои треба да бидат изгласани во Собранието. Исклучиво реформските процеси беа тема на разговорот со премиерот Заев“, рече Бошњаковски.

Тој додава дека немало преговори ниту со ДПА за влез во Владата.