Бејкова: Изборот на Цветковски е исмеjување и мајтапење со процедурата

1040

Владата доцни со реформите во јавниот сервис, а изборот на Марјан Цветковски за старо-нов директор на МРТ е мајтапење и исмејување со законската процедура, вели Бијлана Бејкова од НВО Инфоцентар.

– Поради доцнење со реформите и измените на Законот за аудио и аудио-визулени медиумите се остави простор стариот програмски совет на МРТ да го реизбере раководтсвото кое МРТ ја направи пропагандна машинерија на ВМРО-ДПМНЕ. Се најде начин да се укине радиодифузната такса, а не се најде начин како да се избере ново раководство на МРТ – вели Бејкова.

Во однос на МРТ, додава таа, во јавноста недостасува сериозна дебата и визија за тоа каков јавен радиодизузен сервис сакаме и како ќе дојдеме до тоа.

Таа потенцира и дека во Предлог-законот за измени на Законот за аудио и аудио-визуелни медиуми не се предвидуваат решенија кои ќе донесат независен јавен радиодифузен сервис кој ќе биде во функција на граѓаните.

Вчера Програмскиот сервис на МРТ повторно го избра за извршен директор Марјан Цветковски.

(М.П.Ш.)