Бебе од тетовско е нова жртва на морбили

Детето, како штио информираат од Министерство за здравство, претходно не било вакцинирано.

97

Тринаесет месечно дете од тетовско е новата жртва на морбили, информира Министерството за здравство.

„Министерството за здравство ја известува јавноста дека вчера (10 февруари 2019) во вечерните часови почина 13-месечно дете од тетовскиот регион од компликации предизвикани од морбили (мали сипаници) на Клиниката за детски болести, кое претходно не било вакцинирано.

Министерството за здравство изразува жалење за смртта на детето, како резултат на компликации од морбили, болест која може да се спречи со вакцинација.

Уште еднаш апелираме до сите родители, најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП вакцината, која заштитува од ова сериозно заразно заболување. Вакцината во здравствените домови се аплицира бесплатно, а вакцините се со проверен квалитет“, се наведува во соопштението од Министерството.