Бачев: Владата крие анкета според која 80% од граѓаните ќе го бојкотираат референдумот

Бојкотот на референдумот ништо повеќе не може да го спречи. Процесот е тргнат, храбро, решително и во интерес на народот, бидејќи, македонскиот народ и поголем дел од граѓаните не сакаат Македонците да бидат избришани од светската мапа на нации“, стои во соопштението.

192

Од партијата Единствена Македонија на Јанко Бачев велат дека успеале да дојдат до анкета која, како што истакнуваат, ја нарачала Владата, а која покажува дека 91 отсто од испитаниците се против влез во НАТО, а 80 отсто ќе го бојкотираат референдумот.

„Резултатите од оваа анкета Владата ги крие, а во јавноста пушти лажна анкета преку свои платеници: Меѓународниот центар за меѓународна соработка, Агенцијата ‘М-проспект; која е во служба на СДСМ уште додека беа во опозиција, а Заев своевремено на двапати има добиено наменска награда од нив за таканаречен најуспешен менаџер во југоисточна Европа и владината телевизија ‘Телма’, со обезбедувањето на пропагандната подршка“, се наведува во партиското соопштение.

Од Единствена Македонија наведуваат дека марионетската власт во Скопје мора да е во очај штом со лажни анкети започнува специјална војна пред референдумот на 30 септември.

„Бојкотот на референдумот ништо повеќе не може да го спречи. Процесот е тргнат, храбро, решително и во интерес на народот, бидејќи, македонскиот народ и поголем дел од граѓаните не сакаат Македонците да бидат избришани од светската мапа на нации“, стои во соопштението.