Автобус и камион се судрија во близина на Линц, повредени неколку Македонци

Од Амбасадата на Македонија во Виена за МНР потврдиле дека во автобусот имало 18 македонски државјани, од кои двајца се потешко, а шестмина полесно повредени.

109
Принтскрин

Утринава во Австрија во близина на градот Линц се случи сообраќајна несреќа меѓу македонски автобус и камион на автопатот.

Од Амбасадата на Македонија во Виена за МНР потврдиле дека во автобусот имало 18 македонски државјани, од кои двајца се потешко, а шестмина полесно повредени. Никој од нив не е во животна опасност.

По судирот на двете возила на камионот натоварен со дрва му се превртела кабината, а возачот останал заробен. На местото пристигнале спасувачки екипи и тешко повредениот возач бил пренесен со хеликоптер во болница.