Антикорупциска ќе следи злоуптреба на државни ресурси за партиски цели во предизборието

Досега сме биле сведоци дека се корстат службени возила, се користеле канцеларии. Затоа ги повикуваме и граѓаните и медиумите кои ќе забележат дека има каква било злоупотреба на државни ресурси и средства подвижни и недвижни да ја информираат комисијата за да може да се преземат мерки.

15

Државната комисија за спречување на корупцијата најави дека покрај контролата на законитоста на финанирањето на политичките партии и изборната кампања за престојните избори, што произлегува од проширените нови надлежности на Комисијата, ќе води сметка и контрола на трошењето на државните ресурси за партиски цели.

– Досега сме биле сведоци дека се корстат службени возила, се користеле канцеларии. Затоа ги повикуваме и граѓаните и медиумите кои ќе забележат дека има каква било злоупотреба на државни ресурси и средства подвижни и недвижни да ја информираат комисијата за да може да се преземат мерки, рече членот на Комисијата Горан Трпеноски на денешната прва седница по изборот на новиот состав.

На седницата членовите апелираа и функционерите, дали државни дали на локално ниво, да не бараат мислење за тоа дали одредена активност можат или не можат да ја направат. Антикорупциска, велат, не е надлежни да дава такво мислење, законот за спречување на корупцијата е кристално јасен, и само треба доследно да се применува.

Комисијата ќе побара од Владата што поскоро да овозможи да се преселат во нови простории со цел да може да се инсталира опремата што им е потребна за да можат да вршат брза административна проверка. Се работи, информираат од ДКСК и на изработка на нов деловник за работа, со цел таа непречено да се одвива.

На денешната седница беа избрани и заменик претседател и генерален секретар на Комисијата, како и овластени потписници на сметката кои ќе функционираат со врзан потпис.