Амбасадорот Бејли во посета на штипскиот градоначалник

Македонија и во идниот период останува посветена на реформите, економскиот раст и евроинтеграциите.

30

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли денеска се сретна со градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски. Во соопштението доставено од Кабинетот на градоначалникот се вели дека на состанокот станало збор за успесите на нашата држава во овој период, за огромната важност и придобивките од влезот во НАТО.

Македонија и во идниот период останува посветена на реформите, економскиот раст и евроинтеграциите. Градоначалникот Бочварски го информираше амбасадорот Бејли дека во Штип се работи на подобрување на инфраструктурата како и на проектирање на брана на реката Отиња, грасификација на градот, нова детска градинка и многу други проекти кои го обезбедуваат растот и развојот на Штип, стои во соопштението од Општина Штип.

Се наведува и дека штипскиот градоначалник искажал благодарност до амбасадорот Бејли за неговите заложби на патот кон демократизација и интеграција на државата во НАТО.