Македонија за две години увезла над седум милиони тони отпад од Бугарија

Во земјата се увезува многу повеќе отпад отколку што сами произведуваме, јавува Радио Слободна Европа.

Податоците до кои дојде РСЕ покажуваат дека најмногу отпад се увезува од Бугарија. Властите тврдат дека отпадот што се увезува служи само како суровина, како што предвидува и законот. Активистите од граѓанската организација „О2 Иницијатива“ бараат да се забрани увоз на отпад како извор на енергија, откако темата повторно се актуализираше по аферата во Бугарија во која, наводно, е вмешан и доскорешниот прв човек на Дрисла.

За две години во земјава бил увезен над десет пати повеќе отпад од вкупната количина која граѓаните ја создаваат во текот на една година и неколкукратно повеќе од она што годишно го создава домашната индустрија во последните години.

Според статистички податоци кои ги побара Радио Слободна Европа, од 2012 до 2014 година во земјава биле увезени над осум милиони и 200 илјади тони отпад, што е значително повеќе во однос на увезените количини во претходните години и годините потоа. Истовремено, податоците покажуваат дека земјата во просек годишно произведува од 700 до 800 тони комунален отпад, а на пример во 2016-та компаниите во земјава создале помалку од два милиони тони индустриски отпад.

Целата вест почитајте ја тука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот