Македонија во третиот степен на препорака за патување на Стејт Департментот

Стејт департмент/ Фото: МИА

Од ЦДЦ наведуваат дека ризикот од Ковид-19 во земјата се уште е голем.

Американскиот Стејт департмент синоќа го укина четвртиот степен на препорака за патување во странство за најголем број земји, кое е највисоко предупредување до американските државјани да се воздржат од секакви патувања надвор од САД.

Исто како и голем дел од земјите во светот, Северна Македонија е ставена во третиот степен пропорака, кој што советува „размислете дали да патувате”.

Како што е наведено на веб-сајтот за конзуларни работи на американскиот Стејт депаратмент, нашата земја ги укинала наредбите да се остане дома и делумно го обновила транспортот и бизнис активностите.

Од надворешно-политичкиот орган на САД советуваат да се следат предупредувањата на државните Центри за контрола на заболувањата и профилактика (ЦДЦ), кои, сепак, имаат издадено „трет здравствен степен за патување” или највисоко предупредување за воздржаност да се патува во Северна Македонија, освен за итни случаи.

Од ЦДЦ наведуваат дека ризикот од Ковид-19 во земјата се уште е голем.

Засега, само две земји, Тајван и Макао, се наоѓаат во првиот степен со препорака „да се патува со вообичаена претпазливост”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот