Македонија во првото коло на Мундијалот 2023 ќе игра против Норвешка

Ракометна сениорска репрезентација на Македонија/Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Во саботата се дознаа сите групи на Светското првенство 2023 во Полска и Шведска на кое ќе учествува и најдобрата македонска репрезентација.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе играат во групата „Ф“ во Таурон Арената во Краков (Полска) заедно со Аргентина, Холандија и Норвешка.

Прв ривал на нашите најдобри ракометари ќе биде селекцијата на Норвешка на 13 јануари 2023 година со почеток од 20.30 часот.

Во истиот термин ќе ги играме и останатите мечеви со Холандија на 15 јануари и два дена подоцна против Аргентинците.

Лазаров: Длабоко во себе верувам во невозможни мисии и работа и само така можеме да одиме напред

Првопласираните три репрезентации од секоја група ќе се најдат во главната фаза на Мундијалот.

Светско првенство 2023 Полска/Шведска

Група „Е“ – Таурон Арена, Краков (Полска)

13 јануари 2023

18.00 часот Аргентина – Холандија
20.30 часот Норвешка – Македонија

15 јануари 2023

18.00 часот Норвешка – Аргентина
20.30 часот Македонија – Холандија

17 јануари 2023

18.00 часот Холандија – Норвешка
20.30 часот Македонија – Аргентина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот