Македонија во фокусот на УЕФА пред ЕП: Пандев и Барди се клучните играчи

Фото: instagram.com/FFMacedonia/

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ја претстави македонската репрезентација која за прв пат во историјата ќе игра на Европско првенство.

Фудбалерите до историскиот пласман дојдоа со победата во финалето на бараж натпреварот од Лигата на нации против Грузија со 0:1 и тоа со голот на капитенот Горан Пандев.
Сега УЕФА објави промотивен материјал во кој ја претстави македонската репрезентација и во него како клучни играчи ги издвојува капитенот Горан Пандев и фудбалерот на Леванте, Енис Барди.

Како најзначни голови во историјата на македонската репрезентација се означени голот на Пандев во Тбилиси со кој беше обезбеден пласманот на Европското првенство како и првиот гол во квалификациите за ЕП кој на 7. септември 1994 година го постигна Митко Стојковски.

Издвоен е секако и македонскиот селектор Игор Ангеловски како најуспешен во историјата на сениорскиот национален тим со 20 победи, 10 ремија и 15 порази зад своето име на клупата на А-репрезентацијата.
Најзначајни натпревари на репрезентацијата се историскиот прв натпревар на репрезентацијата на 13. октомври 1993 година кога во Крањ беше совладана Словенија, а не се заборава и неверојатниот гол од корнер на Артим Шаќири против Англија во Саутемптон.
Како УЕФА ја претстави Македонија погледнете на следниот ЛИНК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот