МАКЕДОНИЈА ВО ЦРНО: Пет лица загинаа во страшна сообраќајка кај Драчево

Страшна сообраќајна несреќа рано утрово се случила во близина на бензинската пумпа на влезот од населбата Драчево во Скопје, во која пет лица го загубиле животот.

Три лица починале на лице место, а две лица починале на скопските клиники. Неофицијално меѓу загинатите има и малолетно девојче.

Несреќата се случила кога патничкото возило „рено 5“ директно удрило во камион за собирање на смет.

Според очевидци, споменатиот автомобил „рено 5“, се движел со поголема брзина при што изгубил контрола и директно удрил во камионот за смет.

На лице место биле дојдени возила на полицијата, на итната медицинска помош, противпожарникарски и возила на погребалното претпријатие.

Во текот на денот се очекуваат подетални информации од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот