Македонија во баражот за СП, ракометарките ја победија и Литванија

Фото: facebook.com/rfmofficial/

Денеска во вториот натпревар од квалификациите за учество во баражот за Светското првенство нашата најдобра женска ракометна репрезентација триумфираше и над Литванија убедливо со резултат 31:21.

Со денешната втора победа во квалификациската група „2“ и вчерашната стартна над Исланд, Македонија практично го обезбеди настапот во мундијалскиот бараж.

Литванките го имаа само почетното водство од 0:1, во наредниот период се играше гол за гол, а при 4:4 се одвоивме на „плус два“ со двата голови на Стојковска во осмата минута од средбата.

Не се предаваа гостинките кои се доближија на „минус еден“ (9:8), но следуваше низа на погодоци на домашната селекција, вкупно пет за 14:8 на семафорот. До паузата половина од таа позитива се стопи и после првиот дел водевме со 15:12.

При водство од 19:16 во второто полувреме (42 мин.) „црвено-жолтите“ направија серија од 10:3 со што беше клучно и за целосно кршење на отпорот на противникот и само се чекаше крајот на натпреварот.

Најрасположена за голови беше Ристовска која забележа осум, ја следеше Стојковска со пет, а по четири имаа Боризовска и Ѓорѓиевска.

Останува избраничките на селекторот Симе Симовски да го докажат својот квалитет и потенцијал и во текот на утрешниот меч во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје, кога во истиот термин од 17.00 часот ќе се соочат со грчката селекција за потврда на првото место во групата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот