Македонија во август ќе ги игра мундијалските претквалификации

фото: kfsm.mk

По неуспехот да се квалификуваат на наредното Европско првенство, селекциите на Австрија, Данска, Летонија, Црна Гора, Македонија, Романија, Шведска и Швајцарија ќе го започнат патот кон Светскиот куп во 2023, од второто коло на Европските претквалификации, кои треба да се одржат во август 2021 година.

Претходно преку првиот круг од претквалификациите, селекциите на Белорусија, Исланд, Португалија и Словачка, се квалификуваа за наредната фаза од претквалификациите,

Овие 12 национални тимови ќе се натпреваруваат во четири групи од по три екипи за вкупно осум места на пласман на европските квалификации за Светскиот куп. Место во регуларниот дел од квалификациите ќе изборат најдобрите две нации од секоја група.

ФИБА ги утврди датумите и распоредот на натпреварите, додека жрепката на групите ќе биде реализирана на крајот на март. Ќе се играат во периодот од 11 август кога на програмата е првото претквалификациско коло, до 28. август, а по завршувањето на шестото ќе бидат познати осумте учесници во квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година.

Трајковски: Ќе им помагам на овие млади играчи се додека ме држат нозете

Осумте најдобри, плус 24 учесници на ЕП, ќе тргнат во оној регуларен дел од квалификациите за СП кои ќе почнат во ноември 2021 година. Засега останува непознато, дали ќе се игра според „робин системот ,(секој со секого, по шест мечеви) или пак во т.н. „балони“, како што беа реализирани последните два „прозорци“ од квалификациите за ЕП 2022.

Светскиот шампионат за првпат од постоењето, ќе се игра во повеќе различни држави во светот, односно во Индонезија, Филипини и Јапонија.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

(доколку се играат поединечни натпревари, дома-гости)

1.КОЛО – 11.АВГУСТ (СРЕДА)

2.КОЛО – 14.АВГУСТ (САБОТА)

3.КОЛО – 18.АВГУСТ (СРЕДА)

4.КОЛО – 21.АВГУСТ (САБОТА)

5.КОЛО – 25.АВГУСТ (СРЕДА)

6.КОЛО – 28.АВГУСТ (САБОТА)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот