Македонија визата за ЕП 2020 ќе ја вади во Минск или Тбилиси

Фото: ФФМ

Фудбалската репрезентација на Македонија откако не успеа преку квалификациите да обезбеди пласман на ЕВРО 2020, визата на континенталниот собир ќе се обиде да ја извади преку Лигата на нациите.

Македонија во полуфиналето од групата Д, на Националната Арена „Тодор Проески“ го пречекува Косово, додека во второто полуфинале се среќаат Белорусија и Грузија. На денешната ждрепка беше одлучено Македонија доколку го совлада Косово, во финалето да не игра на домашен терен, туку ќе му гостува на победникот од второто полуфинале.

Полуфиналната пресметка со Косово предвидено е да се игра на 26 март идната година, а финалето против победникот од дуелот меѓу Грузија и Белорусија ќе се игра на 31 март.

Жреб за полуфинале:

А-Дивизија:
Полуфинале 1: Исланд – Романија
Полуфинале 2: Бугарија – Унгарија

Б-Дивизија:
Полуфинале 1: Босна и Херцеговина – Северна Ирска
Полуфинале 2: Словачка – Ирска

Ц-Дивизија:
Полуфинале 1: Шкотска – Израел
Полуфинале 2: Норвешка – Србија

Д-Дивизија:
Полуфинале 1: Грузија – Белорусија
Полуфинале 2: Северна Македонија – Косово

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот