Македонија утре ќе игра „финале“ на ЕП: Нашата цел за пласман во втората рунда не се менува

epa09265589 North Macedonia's head coach Igor Angelovski condutcs a training session at Steaua Bucharest stadium in Bucharest, Romania, 12 June 2021. North Macedonia training was postponed and moved to another stadium after a heavy rain hit the National Arena stadium. North Macedonia will face Austria in their UEFA EURO 2020 group C preliminary round soccer match on 13 June 2021. EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски вели дека утрешниот натпревар против Украина (15 часот) на Националната арена во Букурешт ќе претставува своевидно финале за „рисовите“. Македонија во првото коло загуби од Австрија со 3:1, но желбата и целта кај сите во националниот тим  не се менува, фудбалерите посакуваат да се пласираат во осминафиналето и за тоа е потребна победа утре над Украина.

– Натпреварот со Австрија веќе е зад нас. Сега не очекува натпреварот со Украина кој за нас претставува еден вид на финале на Европско првенство. Ние дојдовме на ЕП со цел да се пласираме во втората рунда, и таа цел останува, не се менува. Не се откажуваме од тоа и секако се фокусираме. Победникот од утрешниот натпревар ќе си ги зголеми шансите за пласман, а ние немаме притисок, бидејќи Украина е фаворит, а за нив ако не успеат да нѐ победат и да се пласираат понатаму тоа ќе биде трагедија. Ние влегуваме максимално мотивирано, со голем респект кон Украина, да го задржиме тоа што беше позитивно од мечот со Австрија, а лошите моменти да ги поправиме – изјави селекторот Ангеловски на денешната прес-конференција.

Видео на денот