Македонија тргнува на пат кон Мундобаскетот, прв противник е Швајцарија

Преполовени поради неиграњето на дел од најискусните/Фото: kfsm.mk

Трет пат во последните четири години, македонската кошаркарска репрезентација ќе игра претквалификации за пласман на големо натпреварување. Успехот во претходните два циклуса е половичен, во 2017 година „црвено-жолтите“ не успеаја да поминат во следната фаза. Но, во 2019 година МАкедонија го освои првото место и стигна на чекор од Европското првенство.

Третиот обид ќе биде можеби најтежок бидејќи доаѓа во период кога се прави смена на генерациите, а селекцијата е преполовена поради неиграњето на дел од најискусните.

Од разни причини ги нема браќата Стојановски, Ненад Димитријевиќ, Дарко Соколов, Марко Симоновски и Стојан Ѓуроски, играчи на кои, главно, се базираше играта на националниот тим во квалификациите за Европското првенство.

Бајиќ: Димитријевиќ нека им објасни на Пандев и Лазаров зошто не игра за репрезентацијата

Но, во селекцијата повторно има искусни кошаркари како Бојан Трајковски, Бојан Крстевски, Бобан Стајиќ, Горјан Марковски, Адем Мекиќ, Џејкоб Вајли, доволно за да се надеваме и очекуваме успех во претквалификациите кои ќе се одржуваат во Скопје во СЦ „Јане Сандански“ од денеска до 18 август. Пласман во следната рунда обезбедуваат двете првопласирани репрезентации.

Во нив ќе дебитира новиот селектор Драган Бајиќ, исклучително квалитетен и искусен стручњак кој долги години е дел од АБА лигата, како тренер на Игокеа. Последната сезона беше прогласен за тренер на годината што е огромно признание доколку се има предвид кој се работеше во регионалното натпреварување.

Не е само Димитријевиќ, и други млади играчи не сакаат да играат за репрезентацијата

Противници во претквалификациите ќе ни бидат Швајцарија и Словачка, репрезентации со кои игравме и во претквалификаците за Европското првенство.

СОСТАВ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА

Андреј Андоновски МЗТ Скопје 2

Виктор Ефремовски Гостивар

Бојан Крстевски МЗТ Скопје

Андреј Магдевски Плоешти

Горјан Марковски Куманово

Адем Мекиќ МЗТ Скопје

Кристијан Николов МЗТ Скопје

Дамјан Робев МЗТ Скопје

Теодор Симиќ Барселона

Бобан Стајиќ Пелистер

Бојан Трајковски Пелистер

Џејкоб Вајли Будуќност

СТРУЧЕН ШТАБ

СЕЛЕКТОР: Драган Бајиќ

АСИСТЕНТ: Александар Јончевски

АСИСТЕНТ: Адмир Прасовиќ

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ:

12.08.2021 Македонија – Швајцарија 19:00

13.08.2021 Швајцарија – Словачка 19:00

14.08.2021 Словачка – Македонија 19:00

16.08.2021 Швајцарија – Македонија 19:00

17.08.2021 Словачка – Швајцарија 19:00

18.08.2021 Македонија – Словачка 19:00

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот