Македонија, трета препорака за туристите во 2020 година

Компанијата за туристички водичи „Лонли планет” (Lonely planet) ја вброи Македонија на третото место меѓу десет дестинации кои треба да се посетат во 2020 година.

Во препораката за нашата земја наведува дека таа е веќе позната по гастрономијата, античката традиција, културата и природа, а нова причина да се посети идната година се и дополнителните летови до Охридско Езеро заштитено УНЕСКО, како и патеката „High Scardus Trail” од 495 километри покрај најдраматичните врвови во регионот.

Во топ 10 туристички дестинации на листата на „Лонли планет” за 2020 година, на прво и второ место се Бутан и Англија, а по нашата земја, од 4 до 10 место се препорачани: Аруба, Свазиленд, Костарика, Холандија, Либерија, Мароко и Уругвај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот