Македонија стои, Таксират постои!

Дваесет и две години по ред, Таксират фестивал e малата коцка во градењето на културниот живот кај нас.

ПИН ТВ е целодневна програма, спакувана во телевизиски формат со времетраење од 13 часа, која ќе биде ексклузивно емитувана на 13 декември (недела), под наслов „24 hour NO party people“, на МРТ 3, како и на Фејсбук, Јутјуб-каналите на Таксират фестивал и единствената музичка конференција ПИН.

Нејзиниот карактер е динамичен, а нејзината цел е на уникатен и нивен начин, да ги документира сите случувања од светот на креативната индустрија во изминатиот период.

Целата програма ќе биде бесплатна за гледање, споделување и уживање во искуството на стотици музички професионалци, пријатели и соработници од 40 различни држави.

Дознајте што Папата бара во рајдер за бекстејџ, кои се омилени бендови на Хелсинки од „La Casa de Papel“, кои песни ги обожава Роко Сифреди, дали ќе го биде Егзит фестивал, Похода или Гластонбери, дали е потребно музичко Експорт биро во Македонија, како да се заработи од ТикТок, колкави хонорари се вртат во светот на музиката…

Но, не е само тоа, Таксират екипата, тивко и дисциплинирано изработи точно 20 концерти. Ќе имате можност ексклузивно да ги гледате на 13 на ПИН ТВ, но и цел останат декември – месец традиционално резервиран за Таксират фестивал.

„Суперхикс“, „Бернајс пропаганда“, Кирил Џајковски, „Љубојна“, Џамбо Агушев, победниците на Лузер фест – „Cut your nipple“, Антоние Весковски, „Фанки фреш“, „Перија“, Јон Ајди, Тока Шитет, ќе ви ја доловат убавината на Скопје, кое ќе биде и домаќин на изведувачи од Уганда, Канада, Словачка, Грција, Чешка, Франција, Белорусија, како и три бенда од земјата фокус на овогодинешниот ПИН ТВ – Германија.

Гледајте ПИН ТВ на Таксират #22 – вашиот традиционален филтер на чист воздух.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот