Македонија со тројца џудисти на Европското првенство во Пореч

EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Како што информираат денеска од македонската џудо федерација двајца наши претставници ќе настапат на претстојниот континентален собир.

Македонија ќе учествува на Европското првенство за јуниори (4-6 ноември 2020 година) кое ќе се одржи во Пореч, Хрватска.

Боите на нашата земја ќе ги бранат Резарт Хусени и Хамза Јашари во категоријата до 66 килограми, како и Еди Шерифовски кој ќе се бори во категоријата до 81 кг.

Селектор е Горан Мицкоски, а согласно препораките, ковид-19 тим менаџер е Игор Паскоски.

Најавите се дека вкупно 412 спортисти од 40 земји ќе бидат дел од ЕП, од кои 235 џудисти и 177 џудистки, додека во конкуренција на помлади сениори ќе се натпреваруваат 352 спортисти, од нив 208 џудисти и 144 џудистки од 36 држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот