Македонија со тројца боксери на турнир во Врбас – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Македонија со тројца боксери на турнир во Врбас

Македонија ќе ја претставуваат браќата Илхан и Ајхан Озмен и Ардијан Аземи.

Кадетската репрезентација на Македонија ќе настапи со тројца боксери на националниот Куп во Врбас,  турнир со меѓународен карактер од А категоријата.
Македонија ќе ја претставуваат браќата Илхан и Ајхан Озмен кои живеат  и тренираат во Германија и Ардијан Аземи,  кој оваа година има триумф на меѓународен турнир. Тој победи на престижниот турнир „Емил Жечев“ во Бугарија, а настапи и на ЕП во Галати.

Илхан Озмен ќе настапи во категоријата 60 килограми, Ајхан Озмен во категоријата 66 кг. и Ардијан Аземи во категоријата над 80 кг.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close